Дали ви се појавуваат модрици без никаков удар? Лекар открива 3 можни причини

popara17 ноември, 20261min00
Модрици

Модриците на нозете и рацете не се секогаш безопасни.

Модриците настануваат кога крвните садови под кожата ќе се повредат, најчесто како последица на удар. Сепак, кај некои луѓе тие можат да се појават и без претходна повреда – најчесто на нозете, рацете и стомакот. Д-р Кори Фишер од клиниката „Кливленд“ (Cleveland Clinic) во САД ги објаснува најчестите причини за ова.

Несакан ефект од одредени лекови

Честата употреба на ибупрофен или аспирин – кои делуваат на разредување на крвта – може да доведе до појава на модрици. Модрици можат да предизвикаат и лекови кои се наменети токму за разредување на крвта или за третман на срцеви аритмии. Одредени антидепресиви влијаат врз тромбоцитите, кои се клучни за згрутчување на крвта. Покрај тоа, кортикостероидите што се користат за третман на кожни заболувања можат да ја истенчат кожата, правејќи ја поподложна на појава на модрици.

Претерана употреба на витамини

Постои причина зошто на пакувањата од сите додатоци во исхраната стои препорака да се консултирате со лекар пред употреба. Додатоците што содржат лук, ѓумбир, гинко, женшен, омега-3 масни киселини или витамин Е можат да предизвикаат модрици, бидејќи влијаат врз тромбоцитите и процесот на згрутчување на крвта.

Почести во подоцнежните години

По 60-тата година од животот, модриците се појавуваат полесно бидејќи кожата со текот на времето станува потенка, а крвните садови стануваат покревки. Дополнително, под кожата има помалку масно ткиво и колаген кои би ги заштитиле крвните садови од оштетување.

Кога треба да побарате лекарска помош?

Ако често ви се појавуваат модрици без очигледна причина, задолжително консултирајте се со лекар. Иако повеќето модрици се безопасни, некои можат да бидат знак за нарушување на крвта. Ако модриците не исчезнат по три недели, ако се појавуваат повторно на истите места, или пак ако добиете покачена температура, имате ноќно потење или отечени лимфни јазли, задолжително обратете се кај лекар, советува д-р Фишер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *