
Еден вирален трик го освои интернетот, прикажувајќи неверојатно лесен начин за обновување на ‘рѓосана пегла, користејќи само едно пакување парацетамол.
Корисник на платформата X сподели одлична идеја како пеглата да се врати во нејзината првобитна состојба. Овој трик не само што е евтин, туку е и толку едноставен што секој може да го испроба дома.
На видеото се гледа како некој користи една таблета за чистење на ‘рѓосана пегла, која за миг станува беспрекорно чиста – со што сопственикот заштедува пари, бидејќи не мора да купува нова.
Под објавата се појавија многу коментари. Корисниците беа воодушевени од брзината и ефикасноста на овој трик.
„Не можам да поверувам! Пробав сè и сешто за да ја исчистам пеглата, а сега успеав за само две минути“, „И кај мене успеа! Бев на чекор до купување нова пегла“, напишаа корисниците.
Еве како да исчистите пегла со парацетамол:
- Загрејте ја пеглата додека не стане жешка.
- Фатете таблета парацетамол со пинцета и внимателно тријте ги ‘рѓосаните делови.
- Штом ќе завршите, избришете ја пеглата со крпа – но внимавајте, бидејќи површината сè уште ќе биде жешка.
Ова не е првпат ваков трик да се шири на социјалните мрежи; со години наназад, многу луѓе користат лекови против болки за да ги отстранат наслагите и ‘рѓата од своите пегли.