
Дали мислевте дека видеоигрите само ги расипуваат мажите и ги оддалечуваат од дома? Новото продолжение од познатиот серијал Grand Theft Auto, односно Grand Theft Auto 6, носи пресврт што ги воодушеви жените ширум светот.
Колку пати сте превртеле со очи кога вашиот партнер ќе седне пред екранот и целосно ќе заборави на сè околу себе? Со години, популарниот серијал Grand Theft Auto (GTA) беше познат по хаос, брзи потири и кршење на сите правила – што, сосема разбирливо, ги фрустрираше многу жени чии партнери го имаа ова хоби. Најновото издание, Grand Theft Auto 6, целосно ја менува ситуацијата, претворајќи се, всушност, во лекција за добро однесување, како за момчињата, така и за сопрузите.
Наместо да ги поттикнува играчите исклучиво на непромислено однесување по улиците, оваа приказна со криминална тематика – сместена во измислена верзија на Јужна Флорида – во преден план ги става љубовта и почитта. Главните ликови се двојка, Џејсон и Лусија; притоа, Лусија е првиот женски лик со кој играчите можат да управуваат во историјата на оваа контроверзна франшиза на студиото Rockstar Games.
Од „ергенско гнездо“ до пријатен дом
Според The New York Times, играта содржи уникатен систем што го следи односот помеѓу двојката. На пример, Џејсон може да одлучи да го среди и реновира својот запуштен „ергенски стан“ додека чека Лусија да излезе од затвор. Ваквите задачи бараат време и труд од играчот, но сите тие служат за една цел: градење подобра и поздрава врска.
Новинар од The Washington Post откри дека играта, всушност, ја мери длабочината на љубовта помеѓу партнерите, при што текот на приказната се прилагодува врз основа на постапките на играчот. Тој заклучува дека тие двајца се „страсни заедно“, додавајќи дека мажот кој не се грижи за својата партнерка лесно може да изгледа како „целосен губитник“ – што, во рамките на играта, веднаш предизвикува нови расправии и проблеми.
Креаторите се стремеле кон ликови „од крв и месо“
Тимот што работеше на развојот на играта објасни дека нивната цел била да создадат ликови со кои секој би можел да се поистовети, со сите нивни доблести и мани. „Сакавме двата главни лика да бидат ранливи, но и силни, да имаат мани – понекогаш да се во право, а другпат да грешат – и да бидат способни да учат еден од друг. Сметавме дека токму тоа ги прави автентични и фантастичен тим“, изјави Елизабет Гови-Керн, член на развојниот тим, за гејмерскиот портал IGN.
Ако тој плаќа за неа, подобро би било да плати и за тебе!
Милиони фанови веќе го преплавија интернетот со исечоци и коментари, а особено жените се воодушевени од оваа промена.
„Убедена сум дека ја направиле оваа игра за да ги научат мажите како да бидат мажи и како да се однесуваат кон жената“, напиша една корисничка на социјалните мрежи.
Веднаш следеа и духовити совети за жените ширум светот.
„Девојки, ако тој плаќа за ноктите на Лусија во играта, подобро би било да плати и за вашите!“ – забележа една корисничка.
Се разбира, во секоја шега има и трошка реална борба. На интернет кружи и видео од една млада жена која воопшто не била среќна кога сфатила дека нејзиното момче целосно ја игнорира, додека на екранот вложува максимални напори за да изгради совршена романтична врска помеѓу Џејсон и Лусија. Изгледа дека некои мажи треба да научат како да ги пренесат лекциите од екранот во сопствените дневни соби.