Ако си алчен, ќе бидеш казнет! Судот за прекршоци вчера пресуди во корист на Републичката радиодифузна агенција на Србија, па телевизијата „Пинк“ ќе мора да исплати 2 милиони динари казна, додека нејзиниот сопственик Жељко Митровиќ е казнет со 140.000 динари.
Казните следуваат откако во 2010 година против Митровиќ и телевизија „Пинк“ биле поднесени повеќе од 8000 пријави за надминување на дозволеното време за емитување на економско – пропагандна програма т.е реклами.
Казната изгледа не го научи на памет Митровиќ, кој и понатаму значително го надминува времето предвидено за ЕПП. Замислете, некои блокови реклами траат и по повеќе од 15 минути. Навистина е срамота, од толку многу реклами, забораваш што си гледал! Му препорачуваме да внимава, за да не му ја затворат телевизијата.