Меган Фокс ќе ја “трга” тетоважата од Мерлин Монро:) сега ќе “залепи” од Лједи Гага

popara24 август, 20111min00
megan_fox_

Во моментов Меган Фокс е во процес на вадење на тетоважата со ликот на Мерлин Монро која се наоѓа на нејзината десна подлактица. На прашањето зошто се одлучила на ваков чекор, актерката која ја играше Микаела Банес во првите две продолженија на „Трансформери“ за италијанското списание „Amica“ одговорила дека „се ослободува од негативната енергија околу неа“.

„Ќе ја вадам“, потврдила 25-годишната актерка која веќе била подложена на ласерски третмани. Овој чекор го дообјаснила со зборовите: „ Мерлин е негативен карактер, бидејќи страдала од ментално растројство и била бисексуалка. Не сакам да привлекувам  негативна енергија во мојот живот. И кој знае, можеби понатаму ќе ги отстранам и останатите тетоважи од моето тело. Единствена пречка е што ласерот премногу боли“.

Во 2009 година, кога Меган ја стави тетоважата изјави дека оваа секс-бомба е нејзина инспирација и дека ја обожава. Понатаму кажа и дека тетоважата би и служела како еден вид на предупредување никогаш да не дозволи да биде скршена и лошо третирана од филмската индустрија, како што тоа го стори Мерлин Монро.

Неодамна Меган се појави со доста побледена варијанта на тетоважата, па стана повеќе од очигледно дека се обидува да ја извади.

Ова не е единственото нешто за кое се покајала Меган во врска со нејзиното тело. На 16 години таа си ставила пирс на стомакот бидејќи во тоа време била огромен фан на Бритни Спирс. Вели дека тоа е единствениот пат кога имитирала некого. „Но, потоа сфатив дека сето тоа е малку невкусно, па кога наполнив 20 години го извадив“, завршува Меган со изјавата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma