Сезоната на грип полека го достигнува својот врв, па секој совет поврзан со зајакнување на имунитетот е добредојден. Најјаките борци против вирусите се лукот, кромидот, црвената пиперка, портокалот, компирот, бадемот.
Не заборавајте и на превентивното испирање на носот и грлото со вода во која ќе растворите морска сол, како и често пиење на лимонада.
Морските плодови исто така одлично се борат со вирусите. Тие можат да ја спречат појавата на истите дури за 50%. Тоа се должи на богатиот состав од антиоксиданси, минералите цинк и селен.
Печурките исто така ќе ви помогнат. Затоа практикувајте ги како додаток во исхараната, како на пример во супите, чорбите, пиците и сл.