Новите научни истражувања покажуваат дека социјалната изолација во подолг временски период е штетна како да пушите 15 цигари дневно или како да сте алкохоличар, и дека личностите со лоши социјални контакти имаат зголемен ризик од деменција и висок притисок. Имено, гените кои се задолжени за борбата против сериозните инфекции помалку се активни кај осамените луѓе, а осаменоста може да предизвика тумори и многу сериозни проблеми со срцето.
Темпото на живот кои денес го имаме се повеќе не води до осамен начин на живот, се помалку време имаме за пријателства и дружење, а се повеќе имаме интернет комуникација која не е исто што и дружењето во живо. Затоа негувањето на старите и создавањето на нови пријателства е многу важен дел од животот на секој човек, и на тој начин си го чуваме здравјето.
- Доколку сте осамени, прва работа која мора да ја направите е да бидете пријатни. Тргнете го тажниот израз на лицето и насмевнете се. Така, дури и потполни странци позитивно ќе реагираат на насмевката, а вие, верувајте ќе се чувствувате многу подобро.
- Движете се таму каде што има многу нови и интересни луѓе кои можете да ги запознаете. Курсевите и волонтирањето се идеални места затоа.
- Нека интернетот работи за вас. Сетете се на старите пријатели со кои некогаш сте стоеле многу добро, но животот ве раздвоил, па побарајте ги и обновете го пријателството.
- Почнете да се бавите со нешто што отсекогаш ве привлекувало. Тоа е одличен начин да ја промените рутината во која сте западнале и сигурно во животот ќе привлечете некои нови, интересни луѓе кои имаат исти интереси како и вие.
- Поздравете ја личноста која редовно ја сретнувате, на пр. комшијата во лифтот, или личноста со која често се возите во јавниот превоз. После некое време веројатно спонтано ќе започнете разговор на некоја тема, а можеби и познанствтото со тек на време ќе се претвори во убаво пријателство, никогаш не се знае. Ако пак осетите дека таа личност поради некоја причина со Вас не сака да комуницира, нема проблем, се обидовте и ништо не изгубивте. Одете понатаму.
- Секогаш имајте на ум дека пријателството е нежен цвет, кој има длабок корен само доколку го негувате. Затоа јавете се на своите пријатели. Не утре. Сега!