Круша под круша паѓа:) И ќерката на Гадафи одлепена до даска:)

popara25 август, 20111min00
79227-aisha-gaddafi-claudia-schiffer-of-north-africa

Либијците мора да се обединат против НАТО и да застанат на страната на Муамер Гадафи како би се спротивставиле на странското мешање во државата, изјавила за канал Ал-Oruba некоја жена која се претставила како ќерката на либискиот лидер.
“Сакам да му кажам на либискиот народ да застане рамо до рамо против НАТО, и да не се плаши од вооружените сили. Лидерот е во право”, изјавила ќерката на Гадафи во телефонското интервју.

Моамер Гадафи има една ќерка, Аиша. Либиските бунтовници влегле во станбениот комплекс во Триполи, но досега никој не знае каде се наоѓа Гадафи и неговото семејство. Во меѓувреме, поранешната десна рака на Моамер Гадафи, Абдел Салам Џалуд изјавил за Ал Џезира дека либискиот лидер мисли дека кога ќе престанат воздушните напади на НАТО, дека повторно ќе се врати на власт.

Џалуд бил член на хунтата која извршила државен удар во 1969 година, кога Гадафи дошол на власт, но сепак, пред неколку години, тој изгубил корист од него. Џалуд изјавил дека Гадафи е се уште во Триполи.
“Бунтовниците треба да ги отворат патиштата. Кога ќеги отворат патиштата, Гадафи ќе може да облече женска облека и да го напушти Триполи и да се упати преку границата со Алжир и Чад.

Денес се огласил и министерот за надворешни работи во владата на Гадафи, кој изјавил дека владеењето на Гадафи завршло, јавува британскиот “Канал 4”. И додал дека, Гадафи ги исцрпил сите негови опции и дека неговото владеење е завршена работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma