36. Бил Клинтон – Вилијам Џеферсон „Бил“ Клинтон е роден на 19 август 1946 година во Арканзас, САД. Амерички политичар кој беше 42-от претседател на САД во периодот од 1993 до 2001 година. Пред да биде претседател, тој беше адвокат и два пати гувернер на државата Арканзас.
Многумина го опишуваат како Нов Демократ, а периодот на неговото владеење е најдолгиот мирен период на економски раст во американската историја. Поради низата воведени социјални мерки и буџетскиот суфицит, тој бил доста популарен меѓу својот народ, а популарноста му се зголемила дури и по напуштањето на претседателската функција. Аферата со Моника Левински остава само мала дамка на неговта без друго, сјајна кариера. Во 2008 година помагаше во претседателската кампања на жена си Хилари, а потоа и во таа на Обама.
35. Мадона чие вистинско име е Мадона Луис Чиконе, е родена на 16 август 1958 година во Беј Сити, Мичиген. Се преселува во Њујорк за да гради кариера како танчерка. Првиот албум го издава во 1983 година и до ден-денес има издадено 11 албуми. Освен пејачка, таа е доста успешна и како продуцент, дизајнер, актерка, автор на песни, интерпретатор и филмски режисер, со еден збор кажано вистинска бизнис-жена.
Мадона има распродадено над 300 милиони музички записи низ целиот свет и според Гинисовата книга на рекорди таа е топ најраспродаден женски артист на сите времиња. Нејзиното влијание врз современата музика е огромно, а со своите видеа и стихови на песни, таа ги урива дотогаш поставените граници на конвенционалното.
34. Винсент Вилем ван Гог е роден на 30 март 1853 година во Холандија, а поради менталната болест од којашто страдал, се самоубил на 29 јули 1890 година во Франција, после само 37 години живот. Холандски сликар од пост-империјалистичкиот период, чиишто дела имаат огромно влијание врз уметноста во 20-от век. Познат е и по мистеријата дали сам си го отсекол увото во момент на лудило или тоа го сторил некој негов другар во двобој со сабји.
Иако цртал уште како дете, посериозно почнал да се занимава со уметност до доцните дваесетти. За нецела декада, тој е автор на над 2000 уметнички дела. Неговата работа не се состои само од пејзажи и пророда, туку и од портрети и самопортрети. Делата му се препознатливи по силните бои и емоционалната длабочина. Негови најпознати слики се: „Сончогледи“, „Житно поле и чемпреси“, „Јадачи на компири“, „Црвените виногради“, „Ноќ со ѕвезди“, „Столот на Ван Гог“ и др.
33. Чарлс Џон Хуфам Дикенс е роден на 7 февруари 1812 година во Портсмут, Англија, а починал на 9 јуни 1870 година исто така во Англија, Кент. Англиски новелист, најголемиот писателски ум во Викторијанскиот период. Дикенс е извонреден познавач на сиромаштијата, на страданијата на најдолните класи. Всушност, тие се и главните ликови во неговите дела, со кои и ден-денес можеме да се соживееме. Дикенс е поборник за правда, за еднаквост и постојано се бори против социјалната неправда и поделба на класи.
Неговите светски познати романи обработуваат реални теми од секојдневниот живот и општествените реформи во Англија, проткаени со доста иронија. Најпознати негови романи се: „Оливер Твист“, „Големите очекувања“, „Приказна за два града“, „Дејвид Коперфилд“, „Тајната на Едвин Груд“, а има напишано и голем број на кратки приказни.