Стив Џобс заврши со “Apple” – Што сега?

popara26 август, 20111min00
Steve-Jobs

Легендата на Силиконската долина, Стив Џобс неочекувано даде оставка од местото извршен директор во “Apple”, со што ја завршува својата 35-годишна кариера во гигантот во технологијата, кој го основал во далечната 1976 година заедно со Стив Вознијак и Роналд Вејн.

„Секогаш велев дека ако дојде денот кога нема да сум во можност да ги извршувам моите работни обврски како извршен директор, ќе бидам прв кој тоа ќе го соопшти. За жал, тој ден дојде“, вели Џобс (55) во својата кратка изјава со која даде отказ.

Во март, Џобс на кратко се врати од боледувањето за да ја презентира последната верзија на „ајпод“, а подоцна присуствуваше и на вечерата која се одржа во чест на лидерите во технологијата, а чиј домаќин беше Барак Обама.

“Apple” по Стив

Поделбите на акциите веднаш започнаа, фановите заплакаа, „хејтерите“ отворија шампањ за да прослават, а аналитичарите почнаа на анализираат што ќе се случи со неговиот дел од фирмата во блиска иднина.

За поделбата на акциите веќе има одговор – по почетниот шок и пад на акциите од 7 проценти, тие се враќаат во нормала.  Што се однесува, пак, до компанијата, никој аналитичар не верува дека ќе и се случи нешто лошо. Производите на „Apple“ и понатаму ќе се продаваат со исто темпо. Вистина е дека Стив е икона, тој е личноста позади производите, она што Microsoft никогаш не го имале.

Колку и да биле популарни производите на Microsoft, никој не ги поистоветува со Бил Гејтс, ниту пак, некој во него гледа бог. Џобс беше и се уште е личноста која му ја приближи технологијата на обичниот човек. На мајките, на сопругите, на незнајковците… Одеднаш сите имаа мобилни во рака и знаеа без никаква потешкотија да ракуваат со нив, без да се некакви експерти за новите технологии.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag