Есен во европските градови

26 август, 20110
Rim

Кој вели дека мора да се патува само лето!? Некогаш е многу послатко да си ги спакувате куферите кога сите го заборавиле летното лежење на плажа. Ние ви препорачуваме некој од европските градови и есенски одмор.

Освен што ќе заштедите некој денар, во своето есенско патување ќе можете вистински да ги доживеете градовите, затоа што веќе туристите ги напуштиле.

Минхен- Германија

Голем број на туристички магазини, оваа година овој град го оценија како најдобар град за живот. Вкусот на германискиот начин на живот, можат да го осетат тие што ќе го посетат во есен, затоашто тогаш се одржува најголемиот и најпознат фестивал на пивото- Октобарфест. Ако го промашите, секогаш можете да одите во пивницата Hofsbrauhaus која е Октобарфест во мало издание J.

Некој луѓе велат дека денес Минхен е само реплика на стариот град разгорен од двете светски војни. Меѓутоа, вистина е дека специфичната архитектура за Баварија опстојува. Така да и денес може да се видат широки булевари, официјални згради и преубавата Резиденција, домот на семејството Вителсбах кое владеело со Баварија. Нема многу замоци кои изгледаат како во бајка.

Рим- Италија

Освен веќе слушнатите знаменитости Колосеумот и Фонтана ди Треви, вреди да се отиде на тура по Ватикан каде ќе ја запознаете со историјата не само на најмалите држави во светот  туку и на цела Европа.

Прошетка по улиците кои го инспирирале Фелинија доаѓате до пазарот во потрага по сезонски плодови, и јадете во мали затскриени ресторани, каде што нема туристи бидејќи таму храната е проверено најдобра. Вреди да се шеткате по многуте музеи, затоашто Рим бил престолнина на Ренесансата, а многубројни уметнички дела говорат токму за тоа. Малку зборуваат за преубавите римски паркови, а секако заслужуваат внимание. Погледнете го Вила Боргесе, кој е еден од најубавите.

Амстердам- Холандија

Иако Амстердам многу луѓе ги асоцира на лесни дроги, проституција и деноноќни луди проводи, жалосно е што не се зборува толку за неговата архитектонска и природна убавина. Главниот град на една земја која е оттргната од море, не може во ниеден случај да биде досаден. Таму толку е природно да наместо улица и автомобил да се користи канал и чамец, да се живее во куќа на вода, да секоја зграда е уметничко дело и да има многу музеи посветени на најголемите светки сликари, откоку отпадок на улица.

Наместо зеленчук и овошје, многу амсердамски продавнички нудат цвеќе, па таму можете да се изнагледате најнеобични видови на ружи и лалиња. Е тек ако ви остане време посетете ја Црвената улица и некој кофишоп, затоашто тоа се можеби најсиромашните од најбогатите знаменитости во Амстердам.

Прага- Чешка

Низ историјата градот го викаа мајка на сите градови. Карло IV го викал златен град, а од XIX век градот го викаат и град на стотина кули иако во градот има преку петстотини. Унеско го има заштитено историското езеро Прага во списокот на светки убавини. Тоа е доволна препорака да овој град го ставите во есенските дестинации. Освен симболот на Прага Карловиот мост, посетувањето на Прашкиот замок е обавезителен. Тој е ден од наголемите дворски комплекси на светот. Во неговиот комплекс се наѓаат и осум базилики, палата и гоем број на градини, Рудолфова галерија и Катедрала на светиот Вит. За да го осетите витинскиот вкус на Чешката престолнина, морате да посетите некоја пивница во која се служи со пивото компирчиња кои наликуваат на чипс.

Будимпешта- Унгарија

Дури и да одите на еден ден во Будимпешта, ќе ги осетите сите нејзини моќи. Будимпешта е град со широки булевари и тесни споредни улички-  потсетник деке тоа некогаш била дел од Австроунгарското Царство. Тоа е град кој е створен за пешачење. Во центарот на градот се наоѓаат два битни музеи- Унгарскиот национален музеј и Меморијалниот центар Холокауст. После цел ден одење и собирање впачатоци, мозете да свратите во ресторанот Ривалда сместен во некогашниот католички манастир.  Будимпешта има добри понуди за добар ноќен живот од хардкор клубови до пабови преполни со туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma