Европа си го одбра најдобриот играч годинава!!! Знаете кој, така? :)

popara26 август, 20111min00
FBL-FIFA-BALLON-MEN-AWARD

Шпицот на Каталонците и воедно Аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси е добитник во најпрестижната награда за најдобар играч на Европа.

Станува збор за награда која ја заменува наградата на УЕФА клупската фудбалска сезона, а која лани ја доби истотака Аргентинец, но од редовите на Интер – Диего Милито.

На изборот, според 53 те спортски новинари кои ја претставуваат секоја земја членка на УЕФА , во трката за оваа награда се најдоа и неговиот клубски колега Чави Хернандез и конкуренцијата од Реал, Кристијано Роналдо.

Меси освои 38 гласови, а понего Чави кој освои 11 и Роналдо кој за жал освои само три гласа.

„ Би сакал да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене како и на сите свои соиграчи. Сите освоени награди ги чувам дома и имам место за уште. Посебно им се заблагодарувам на своите соиграчи, без кои немаше ова да го постигнам“, изјави помеѓу другото Меси, на кој му беше врачена престижната награда во Монте Карло од страна на претседателот на Европската фубалска федерација (УЕФА), Мишел Платини.

Омилениот Аргентинец изминатата сезона ја одведе Барселона до самиот врв на Шпанското првенство и Лигата на шампионите, а со 12 погодоци се закити со статусот на најдобар стрелец од најелитнито фудбалско и клубско натпреварување.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma