Лигња на жар на домашен начин

popara27 август, 20111min00
0551007.48

Вкусен и брз ручек или вечера ќе го задоволи сечиј вкус во овие жешки летни денови. Лесно е да се подготви, и се основа на задржување на оригиналениот вкус на лигњата со многу малку додатоци.

Лигњата се чисти, се мие, се суши во сува крпа и се посолува.

Жицата на скарата треба да биде добро загреана, но без пламен и добро треба да се премачка со сончогледово масло. Во една чашка помешајте маслиново и сончогледово масло за да ја премачкате лигњата.

Лигњата ставите ја на топлата жица да се пече 10-15 минути, потоа превртете ја и повторно печите ја 10-15 минути. Додека се пече капнете на неколку пати на неа од маслото.

Печената лигња прелијте ја со маслиново масло во кое ќе додадете истолчен лук и свеж магдонос. Послужете ја во прилог со варен компир и цвекло и салата ако сакате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma