ТОП 10 ВУЛКАНСКИ ЕЗЕРА

popara27 август, 20112min00

Оваа листа се однесува на сите вулкански езера во светот. Вулканско езеро може да настане на неколку различн начини.Прво и основно, вулкански кратер може да се исполни со вода. Втор начин е кога големи количини магма се исфрлаат од вулканот при ерупција, па местото каде што лежела магмата колабира под тежината на земјата и се формира голем засек во земјата наречен калдера кој потоа се полни со вода. Сите овие езера имаат експлозивно минато, прекрасна и магична сегашност и најверојатно разурнувачка иднина. Секое од нив си има и своја приказна, се разбира, па чујте неколку од нив.

10. Езерото Ijen

Ова кратерско езеро се наоѓа на Јава, Индонезија и внатре во вулканот Ijen. Езерото е кисело и 1км широко, со прекрасна тиркизна боја. На површината на езертото постојано има големи количини на сулфур. Растопениот, црвен сулфур се носи низ керамички цевки и се таложи на дното, каде се лади и добива жолта боја.

9. Калдерата Coatepeque

Оваа вулканска калдера се наоѓа во Ел Салвадор. Формирана е по серија бројни ерупции пред 72 и 54 илјади години.  Езерото е големо околу 26км² и е едно од најголемите езера во Ел Салвадор. Околу езерото има и многу топли извори, а во него има остров наречен Теопан кој некогаш бил света локација за племињата на древните Маи.

8. Езерото Towada

Езерото Towada е најголемо кратерско езеро во Јапонија, а 12-то по големина од сите езера во земјата. Лоцирано е во активно вулканско подрачје, а последната голема ерупција се случила пред 13.000 години. Имало и други помали ерупции од кои последната најверојатно била пред 1000 години и придонесла за многу штетен пепел и намалување на просечната температура што потоа донело многу остра зима и страшен глад.

7. Mount Katmai

Овој комплекс на стратовулкани се наоѓа на Аљаска. Дијаметарот на ова езеро е 4км, а калдерата е формирана со ерупцијата од 1912 година. Вулканот не е многу активен и насилен, има само повремен чад. Сепак, ерупцијата од 1912 година е најстрашната што светот ја видел во 20-тиот век. Траела цели 60 часа, а при падот на калдерата во кратерот од планината, се формирало ова кратерско езеро.

6. Езерото Laach

Laach калдерата има дијаметар од 9км и се наоѓа во Германија, близу Кобленц, Бон и Маен. До реката Рајна има само 8км. Ова езеро настанало по една огромна ерупција пред 12.900 години, а во тоа време ова довело до глобално заладување. Магмата од овој вулкан е причина за бројни уникатни минерали кои и ден-денес можат да се најдат во овој регион.

5. Езерото Taupo

Сместено на Нов Зеланд, езерото Taupo е најголемото езеро на овој остров. Има површина од околу 616км² и се верува дека е создадено пред 26.500 години.Ерупцијата била најголема што воопшто се случила во последниве 69.000 години.  По првичната ерупција, потоа еруптирал уште 27 пати. Историски податоци тврдат дека дури и небото во Рим и во Кина поцрвенело. Моментално, овој вулкан е неактивен, но може да се разбуди од долгиот сон за неколку стотици години.

4. Езерото Toba

Ова големо калдерско езеро се наоѓа на Суматра, Индонезија. Најголемо езеро во Индонезија кое е  долго над 100км и 30км широко.Всушност, се работи и за најголемото вулканско езеро во светот. Создадено е пред 70.000 години кога масивен супер-вулкан еруптирал. Оваа ерупција предизвикала глобална зима во која повеќето луѓе од тоа време изумреле.

3. Кратерското Езеро

Лоцирано во државата Орегон, САД, ова езеро има прекрасна сина длабока вода и неверојатна бистрина. Дел е од тамошниот национален парк. Во езерото речиси нема знаци на загаденост и е едно од најчистите резервоари со вода во САД. Создадено е пред 7700 години, а околу тоа има и многу легенди пренесени од племињата кои живееле во негова близина.

2. Рајското Езеро

Рајското Езеро се наоѓа на границата помеѓу Кина и Северна Кореја и покрива 9,82км². Прекрасно е, а од октомври до јуни е прекриено со мраз. Се смета дека ова езеро е дом на чудовиштето од езерото Tianchi. Описот на чудовиштето се менува со текот на годините, од човечки лик, па до бик со зелена кожа. Потоа, видени се и повеќе чудни суштества, кои досега не се научно објаснети.

1.Езерото Nyos

Езерото е долго 2км и се наоѓа во северо-западниот дела на Камерун. Под езерото има комора полна со магма, од каде постојано избива јагленород диоксид. Последователно, водата во езерото е кисела. Огромното количество на јагленород диоксид имало разорен ефект на 2 август 1986 година. Едно поместување на земјината кора предизвикало во езерото да се излијат 1,6 тони јагленород диоксид со брзина од 100км/ч. Киселиот облак задушил околу 1700 луѓе и 3500 животни кои биле во радиус од 25км на езерото. Според Гинисовата книга на рекорди, ова езеро е најопасно на светот. Научниците сеуште се трудат да го отстранат гасот од езерото и да го направат побезбедно за околината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma