Пет нови актерки кои се водат под мотото : „Сексипилот и талентот Холивудски врати отвара“! :)

popara28 август, 20111min00
naslovna-akterki

Ако сеуште не сте чуле за нив, време е да ги запознаете глумиците кои после летото доаѓаат на малите екрани ширум светот

Како што пишува nbclosangeles.com, токму овие 5 глумици е најдоброто што оваа есен го припремаат најголемите светски ТВ-куќи.

1. Амбер Херд. Тhe Playbol Club

Секси плавушата ќе игра во една од најголемите проекти на NBC оваа есен. Во The Playboy Club ќе ја глуми зајачицата Маурен, која ќе се најде во големи проблеми откако случајно ќе убие познат мафијаш.

2. Зои Дешанел, „Нова Девојка

Покрај филмската и музичка кариера, Зои, сестрата на Емили од Коски, има време и за малите екрани.

Во серијата на Fox „Нова Девојка” глуми жена во доцните деведесети која еден ден брза дома за да го изненади своето момче, но на крајот тој ја изненадува неа, што резултира со раскинување.

3. Кристина Ричи, Пан- Ам

Таа е една од ретките холивудски детски ѕвезди која ја продолжи успешната кариера без во меѓувреме да заврши во затвор или на рехабилитација.

4.   Кристен Ритер, Стан 23

Екс- манекенката по низа споредни улоги доби прилика да се покаже во серијата Стан 23, која ќе се емитува на ABC. Во серијата глуми Њујорчанка по име Клои, жена без многу двоумења. Во серијата и дозволува на Џун да се пресели кај неа, пред се за да може да ја малтретира.

5. Кет Денингс, 2 Сиромашни Девојки

Кет позната по филмовите Џенифер во 40-тите, Куќната зајачица, и Безконечната плејлиста на Ник и Нора, во серијата на CBS ја глуми Макс, келнерка која се расправа својата колешка, ќерка на богат татко, која се труди да се прилагоди на скромниот живот. Но, со тек на време стануваат добри пирјателки и цимерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma