И се породи и пак со манекенско тело…секоја чест Џесика Алба!

28 август, 20110
Jessica-Alba-Post-Baby-

Се породи пред само две недели, но тоа не ја спречува Џесика Алба со неверојатна брзина да го врати телото во супер форма. Откако се породи со втората ќерка Хевен, Џесика прв пат е забележана како излегува од својот дом и тоа правец кај својот доктор заедно со постарата ќерка Хонор.

Џесика (30) го покажа своето одлично тело во широк долг фустан, комбиниран со тексасна кошула и кафени сандали. И ако го земеме фактот дека се породи пред само 13 дена, сите мора да признаете дека телото на Алба е во завидна состојба. На сликите се гледа како таа носи две торби додека со 3-годишната ќерка влегуваат во колата и одат на преглед кај докторот.

Вчера на Твитер, Алба напиша дека веќе го чувствува товарот како е да се биде мајка на две мали деца, но дека полека се навикнува на улогата.

Погледнете ја сликата како Џеси изгледаше два дена пред да се породи. Токму тогаш среќната идна мајка објави на фејсбук страницата дека е пресреќна и сака со сите да го сподели идното име на својата ќерка. Хевен се родила во саботата, на 13 месецов, тежела 3,2 кг и била 48см долга. Здарва и среќна. Постарата ќерка била уште посреќна за новиот член во семејството.

„Ви благодарам на сите за поддршката за време на бременоста. Тоа многу ми значи.“ – напишала на фејсбук. Уште додава дека не може да запре да ја бакнува и гледа малата Хевен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma