Најстара во светот а?:) Епа да:)) 115 години! Среќен роденден:)))

popara28 август, 20111min00
120003-bes-kuper

Најстариот човек во светот, Американката Бес Купер, го прославила својот 115 роденден во петокот во домот за стари лица во Монро, Џорџија, САД, пренесуваат светските агенции.
На роденденската забава присуствувале 20-тина пријатели и членови на семејството.
Купер се уште е способна да размислува, и јасно да зборува, изјавил нејзиниот 76 годишен си,н Сидни Купер.
Бес Купер е родена на 26 август 1896 година во Тенеси, САД. Во текот на Првата светска војна се преселила во Џорџија каде што работела како учителка. Таа има 12 внуци и 10 правнуци. Нејзиниот сопруг починал во 1963 година.
– Се грижам за себе и не јадам секакво ѓубре – изјавила старицата.
За најстар човек на светот, Бес Купер била прогласена во јануари годинава, но во мај од страна на Гинисовите рекорди и била одземена титулата, бидејќи бразилката Марија Гомез била постара од неа за 48 дена. Марија починала на 21 јуни 2011 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma