Подготовка:
Варете ги тестенините во солена вода, осум минути и после прелејте ги со ладна вода. Исцедете.
Помешајте го оцетот и маслото, солот и биберот. Истурете го врз тестенините и оставете ги некое време.
Печеното телешко месо исечете го на мали парчиња. Во покриен сад динстајте го три минути посолениот грашок со малку вода. Пиперката, исчистете ја и исецкајте ја на мали коцки.
Месото, исцедениот грашок, пиперката и краставицата измешајте ги со тестенините. Додадете ги мајонезот и сенфот и промешајте полека и уште еднаш зачинете по вкус.
Состојки:
- 200 г тестенини супа во облик на полжавчиња
- 1 / 3 чаша оцет, малку сол
- 4 лажици масло, бибер
- 125 гр телешко месо печено
- 150 г грашок замрзнат
- 1 црвена пиперка
- 1 / 2 чаша фино исецкана краставица
- 4 супени лажици мајонез
- 2 мали лажички сенф