Со спремена ваша биографија се појавувате на интервју за работа. Но што треба да правите кога ќе се најдете лице во лице со идниот работодавач. Искористете ги овие неколку совети…
Интервју
- Конатакт со очите, насмевка, цврсто ракување. Ова е важно, како на самата приемница во фирмата, така и во канцеларија.
- Ако сте регистрирани за услужни дејности, гласот и брадата да одат нагоре на крајот на секоја реченица, така делувате дека се согласувате. Ако се работи за управителна функција, користете го стилот на гласот, кој има смирен речиси монотон тон, а брадата нека оди надолу.
- Седете исправено и одржете го контактот со очите, но не постојано – нема потреба да ги исплашите луѓето со интензивни погледи. Исто така, важно е каде гледате: останете во “зона на професионалност”, од носот до врвот на челото.
- Кога ќе го слушнете познатото прашање: “Кажете ми нешто за себе”, бидете подготвени да кажете нешто добро за себе. Кажете што е важно за Вас, на начин на кој ќе го натера соговорникот да ја запамети приказната, веројатно со тоа ќе ја пренесува и на други луѓе.
- Поголемиот дел од кандидатите на крајот на интервјуто добиваат прашање: “Дали Вие имате некое прашање за нас? “ Препорачливо е уште на почетокот да прашате, како изгледа совршениот кандидат! На тој начин ќе можете соодветно да ги прилагодите своите одговори. Пред да заминете, прашајте го работодавецот има ли некакви замерки околу разговорот.