Дехидрирал 71 годишниот “sex bomb” пејач – Па кај оди по жештиниве?! :)

popara29 август, 20111min00
tom_jones

Пејачот-ветеран Том Џонс мораше да го откаже својот концерт во Монако поради тешка дехидрација. Пејачот на легендарната „Sex Bomb“, кој моментално заздравува во локалната болница, демантира дека всушност се работи за срцев удар и дека поради тоа се откажа концертот кој требаше да се одржи во саботата, на 27 август.

„Немам никави срцеви проблеми, како што изјавија некои медиуми“, се вели на веб страницата на пејачот. Тој за виновник го наведува жешкото и запурно време на повеќето локации од неговата досега успешна турнеа наречена „Praise & Blame“.

„На г-динот Том му е наредено од страна на докторите да не настапува во Монте Карло поради тешката состојба на дехидрација“, продолжува изјавата. „Ова беше многу разочарувачко за Том, за бендот и за сите што било како се поврзани со турнеата.“

Според некои извори, првиот ден Том бил на интензивна нега, а потоа бил преместен во обична соба, бидејќи се вели, 71-годишниот пејач се чувствувал многу подобро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag