Соња Вуксановиќ, сопругата на популарниот балкански пејач Аца Лукас се породи вчера во раните утрински часови во приватна болница во Леверкузен и на свет донесе здраво женско дете кое го доби името Викторија.
Пејачот Аца Лукас по четврт пат стана татко. Точно во 1:20ч неговата жена родила девојче кое е долго 54см, тежи 3900г и е оценета со највисока можна оцена од докторите 10/10. Детето е родено два дена после закажаниот термин и цело смејство со нетрпение го очекувало својот нов член.
– И бебето и мајката се супер. Соња се породи во приватна болница во Леверкузен, а јас бев со неа во текот на целото пораѓање. Викторија е преубаво бебе, а јас сум горд татко – вели Аца Лукас и додава,
– Имав предчувство дека Соња ќе се породи пред три дена, бев убеден дека сум во право и го следев секој нејзин чекор, постојано прашувајќи ја „Дали те боли?, Дали чувствуваш нешто?“, мислам дека на глава и се качив со преголемата загриженост.
Соња ќе остане во Германија уште неколку дена додека бебето не зајакне и не добие дозвола од лекарите дека може слободно да патува. Аца кој уште пред една недела ги батали сите настапи и отиде за Германија да биде покрај својата сопруга, ќе остане во Леверкузен исто колку и Соња. Аца веќе има три деца од претходните два бракови, а Соња има ќерка Софија. Викторија е нивно прво заедничко дете.
Епа, честитки и од нас!