Не се работи само за основната потреба да се облечеме секој ден,туку има многу повеќе од тоа; нашиот стил зборува за нас, не претставува пред оние што ги сретнуваме секој ден, им дава до знаење кои сме и какви сме. Како што поминуваат годините, модата се менува секоја сезона, а тоа значи работа за светските дизајнери.Тука направивме листа на десетте најдобри дизајнери кои светот било кога ги видел.
10. Марк Џејкобс
Тој знаел што точно сака секоја жена и постојано го следи својот инстинкт за да ги претстави своите дела пред окото на јавноста. Роден е и израснал во Њујорк во 1963 година и завршил факултет за моден дизајн на Париската школа за дизајн. Заедно со Роберт Дафи ја основаат колекцијата „Marc Jacobs” во 1986 година.
9. Доменико Долче и Стефано Габана
Во почетокот многу добро и биле познати на италијанската модна сцена, а потоа нивната слава се проширила и низ целиот вет. Долче потекнува од Сицилија, а Габана од Милано, Италија.
8. Александар МекКвин
Иако е син на обичен шофер, тој успеал да биде еден од најуспешните возачи на светската мода, препознатлив по својот елегантен стил, често опишуван како да потекнува од бајките. Роден е во 1969 година и на почетокот бил чирак кај шивачот Андерсон.Низ неговите вени тече мода од причина што Кристијан Диор, Тиери Маглер и Адриан се дел од неговата поширока фамилија.
7. Том Форд
Момче од соседството кое лесно ги придобива срцата и вниманието на жените, а го привлече и светското око со неговиот добар изглед и оригинални дизајни. Роден е и израснат во Тексас, а поради добриот изглед планирал да стане актер. Сепак, креативноста во него победила и станува еден од светски најпознатите дизајанери на сите времиња.
6. Валентино Гаравани
Во Италија е познат како дворјанин, а во Париз како докажан дизајнер. Познато ви е дека Франција и Италија се земји на модата, а неговото име Валентино сеуште е знак за мегаѕвезда на вечерните тоалети и на светлата црвена нијанса. Несомнено се држи до своето име, кое значи љубов.
5. Донатела и Џани Версаче
Вистински великани во модниот свет. Двете израснале во Калабрија, во јужниот дел на Италија. Имаат сосем различни вкусови и идеи за мода, но сепак и покрај разликите и јазот во години, тие успеаа да развијат своја препознатлива марка на облека.
4. Стела МекКартни
Нејзиниот талент и вештина за кроење и го трасираше патот до позицијата главен креатор за брендот „Chloe“ кој подоцна се поистоветуваше со нејзиниот вкус и идеи. Понатаму, ова и служеше како отскочна даска да извади сопствена модна линија поддржана од Гучи, а стана и независен моден дизајнер.
3. Џон Галиано
Тој е херој на модата во Британија и е роден во 1960 година. Доста се борел додека да стане она што е денес. Од обичен кројач, среќата му се насмевнува кога во 90-тите станува главен дизајнер за куќата на Кристијан Диор и ја добива наградата за британски дизајнер на годината.
2. Коко Шанел
Шанел е вистинска легенда кога станува збор за револуција во модната индустрија. Вистинското име и е Габриела „Коко“ Шанел, а заедно со Карл Ларгерфилд ја основала својата компанија. Коко никогаш не била навикната на луксуз, бидејќи израснала во дом за сираци. Нејзината истрајност и макотрпна работа и го осветлиле патот кон вечна слава и популарност.
1.Ралф Лорен
Неговата марка има лого со јавање коњи. Тоа е симбол за него, за неограниченоста на неговите идеи кога креира облека и додатоци. Подоцна, се занимава и со креирање на мебел. Има добиено бројни награди од кои и наградата на CFDA за доживотно постигнување во 1993 година, за машки дизајнер на годината 1995 и за женски дизајнер наредната година.