По раѓањето на близнаците пред четри месеци, Мараја Кери е подготвена да си ја врати старата фигура, што значи брзо губење на килограми.
Нејзиниот сопруг Ник Канон и дал неверојатна поддршка и има целосна верба дека таа ќе биде во најдобра форма за многу кратко време. За време на снимањето на Американски идол, тој изјавил: „Таа ќе ги симне сите вишок килограми. Повторно ќе биде како во 1990 година“.
Иако, Ник не бил баш многу среќен што мора да е на снимањето и далеку од семејството.
„Најтешката работа во светот е да го оставаш семејството, не само моите деца, туку и мојата жена. Знаејќи дека таа е дома со нив, несакам да пропуштам нитуе еден од тие моменти!“, изјавил Ник.
И покрај неговиот презафатен распоред и ангажмани тој гледа секој момент слободен да го помине со семејството.
„Во таа улога нема ништо лошо. Се е неверојатно околу татковството. Најдоброто е кога им зборуваш на своите бебиња, а тие те препознаваат. Тоа е најдоброто нешто“, кажал Ник.