6 погрешни совети за нега на коса

popara30 август, 20111min00
6 pogreshni soveti za nega na kosa

Често слушаме дека косата брзо расте ако често се скратува, дека мајонезот може да послужи како балзам и да не ги чупаме белите влакна бидејќи побрзо че се прошират. Дали тоа е навистина така ?

Сок од лимон ја осветлува косата

Кога ова би било точно многу жени би заштедиле пари. Меѓутоа ако го послушате овој совет нема да добиете ништо освен сува и испукана коса.

Мајонезот е одличен балзам за косата

Ако ставите мајонез на косата едно е сигурно дека ќе привлечете еден куп мушички и сите околу вас ќе ги избркате со тој мирис. Освен тоа, после овој “третман” вашата коса долг период ќе изгледа масно.

После шишање косата брзо расте

Сигурно барем еднаш сте слушнале дека после шишање косата брзо расте и е здрава. Ова е уште една во низата на бабини приказни. Косата во просек расте околу сантиметар месечно без разлика дали ќе ја скратите или не. За да ви биде здрава косата, добро хранете се. Јадете многу риба, немасно месо, јајца, но и смалете ја употребата на фен и преса.

Пливање во базен ја бои косата во зелено

Ова е точно само ако сте плавуша. За да го избегнете овој проблем кој настанува поради хлорот, ставете маска за коса пред бањање. Маската ќе ги затвори пукнатините во косата и ќе ги спречи хемикалиите да влезат во косата.

Доколку ги исчупате белите влакна на тоа место ќе се појават три

Ова нормално не е точно. Меѓутоа не е добро да ги вадите влакната бидејќи можете да го оштетите коренот на влакната така што нема да израсне повторно.

Ладната вода не е добра за косата

Ни ова не е точно. Во фризерски салон последното плакнење на косата е со ладна вода, не за да ве пробудат доколку сте заспале за време на миењето, туку затоа што ладната вода ги затвора порите на косата, па косата изгледа посјајна и поздрава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma