И покрај повеќето катастрофи кои и се случија на Земјата, покрај ураганот Irena снимено е необично летало. Една од камерите на NASA сателитот има забележано НЛО во близината на природната катастрофа.
Скептиците ги дефинираат ваквите работи како обични случајности и затоа нема потреба од подетално мислење и анализирање на ваквите појави, додека НЛО фанатиците се заинтригирани- зошто при секоја катастрофа во последно време, се забележуваат летала во близина.
Бидејќи снимката е превземена од NASA сателит т.е очигледно дека е направена во вселената, па така со сигурност станува збор дека тоа не е уште едно аматерско „домашно видео со балон“, со кое јавноста ќе биде измамена, а исто така сме сигурни дека не е ни авион ни спасувачки хиликоптер.
Сеуште не е разјаснето за што станува збор, но според повеќето мислења, заради брзината со која се движи, најверојатно е вонземјанско летало. Погледнете го видеото и пробајте да изградите своја теорија или пак објаснување!