Порно индустријата во Лос Анџелес ја тресе нов скандал, откако било објавено дека еден од актерите е ХИВ позитивен, известува МСНБЦ. Сите активности во индустрија во Јужна Калифорнија биле прекинати додека истрагата не биде завршена. Директорката на организацијата Free Speech Coalition, Дајан Дјук, изјавила дека за скандалот со ХИВ инфекцијата дознала во саботата. Таа не сакала да го открие името, полот, ниту годините на инфицираната личност. Дајан Дјук додала дека заразената личност е подложена на уште испитувања за да се потврди инфекција со ХИВ. Организацијата ги испитува своите членови со цел да стигнат до оние кои имале сексуални односи со инфицираната личност.