Хотел во облик на куче
Хотелот се наоѓа во америчката држава Ајдахо и е направен во облик на куче од расата биги. Освен надворешноста и внатрешниот дел на овој необичен хотел потсетува на човековиот најдобар пријател кучето.
Куќи наредени една врз друга
Хотелот се наоѓа во градчето Зандаму во Холандија. На прв поглед изгледа како да е составен од повеќе куќи кои се во чуден редослед наредени една врз друга. Фасадата на овој хотел има зелена боја која е типична за традиционалните куќи во регионот. Хотелот има 11 спратови и вкупно 160 соби за пресој.
Хотел или кафез за хрчак?
И едното и другото. Внатрешноста на овој хотел е верна копија на кафез на хрчак. Ако некогач ви падне на памет да да го искусите животот на хрчакот, да спиете на слама и се забавувате на големо движечко тркало тогаш овој хотел е вистиско место за вашиот одмор.
Хотел за љубителите на автомобилите
Во хотелот „V8“ во Штудгард се е во знакот на љубителите на автомобилите. Креветите но и сите други детаљи во собите се направени во облик на автомобил
Хотел од ѓубре
Првиот хотел од ѓубре е отворен минатата година во Рим. Ѓубрето од кое е направен хотелот е собрано од плажите ширум Европа. Неговата оснавна цел е да се соберат пари за заштита на плажите во Европа. Хотелот се состои од пет соби и рецепција , а за неговата изградба беа потрошени 12 тони ѓубре.
Таинзи хотел
Сместен во провинцијата Hebei во Кина. Изграден е пред дест години. Хотелот има десет спрата, а неговата необичност се состои во тоа што надворешноста е во облик на 3 фигури на човек.
Музички хотел
Надреална конструкција на овој берлински хотел на прв поглед изгледа како да им пркоси на законите на физиката. Хотелот може да се опише како место за правите уживачи на музиката и модерниот дизајн.
Хотел – капсула
Овој хотел нуди единствено доживување. Изграден во Токио, собите се во вид на капсули наредени една до друга. Најинтересен детал за врзан за овој хотел е неговиот изглед кој многу потсетува на млазен авион со сите потребни инструменти. Имено телевизорот, радиото, будилникот и светлото се контролираат од лежечка положба.
Хотел инспириран од големите писатели
Хотелот Pavilon des Letres во Парис има 26 соби и сите соби се крстени по некој познат светски писател, со цитати од нивните дела на ѕидовите од собите. Мебелот е модерен и удобен а осветлувањето е дискретно.
Хотел од сол
Во овој боливиски хотел на масате секогаш има сол, секој детаљ од овој хотел е направен од сол. Хотелот е изграден во 1993 година. Хотелот има 15 спални соби, трпезарија дневен престој за гостите и бар со пијалоци. Зидовите се направени од блокови сол. Во хотелот на повеќето ѕидови има чуден натпис кој гласи – „не ги лижете зидовите и мебелот“.