Масонски храм во Детроит
Масонскиот храм во Детроит е најголемиот масонски храмови во светот. Зградата е дом на бројни масонски организации вклучувајќи го и York Rite Sovereign College of North America. Театарот на Масонскиот храм е место во кое се одржуваат многубројни концерти, Бродвејски претстави и голем број настани. Архитектот Џорџ мејсон, кој го дизајнираше театарот, изгради сцена широка 17 а долга 34 метри. Масонскиот храм во Детроит е дизајниран во нео-готски стил со огромна употреба на варовник.
Здружението на Масонскиот храм, беше формирано во Детроит во 1894 година. Беше преместено како прв храм на првата улица на Лафајет булеварот, во 1896 година . Надминувајќи ги димензиите на тогашното земјиште, како величествена градба, здружението купи ново земјиште на Bagg улицата со цел за уште еден храм кој ќе содржи јавен театар. Самата конструкција вреди 2,5 милиони долари а има особено значење на Денот на Благодарноста.
Масонскиот храм во Детроит, претставува всушност најголемиот масонски храм во светот. Масонскиот театар, како негов дел, има 4 404 седишта и е еден од најголемите Американски театри. Големиот комплекс содржи церемонијална градба ( 64m ), поврзана со таканаречениот 10 спратен “ Shrine Club” од 7-спратната Аудиториумска градба. Во внатрешноста има 1586 седишта распоредени на простор од (1,630 m2) , сали за трговски семинар и, конвенции, дерби мечеви и меѓуспрат, две сали за бал од кои едната зафаќа површина од (1,603.9 m2) и собира до 1000 посетители. Објектот е лоциран во областа позната како Cass Corridor преку Temple Street улицата од Cass Park и може да биде видена од местото Cass Tech. Масонскиот храм во 1980 година стана дел од Националниот Регистар за историски места.
Архитектот George Mason го дизајнираше театарот од 17м. Самиот театар е дизајниран во неоготски архитектонски стил изработен од варовник. Постои верување дека Готскиот стил е најсоодветен за ваквите, масонски градби.
Повеќето материјали, како гипс, камен и метал , се основните елементи на градбата на скулпторот Корадо Парадучи. Трите фигури над влезот се дело на Лео Фрилендер, додека остатокот е дело на Бил Герк.