Вечера на најромантичните места на светот

popara20 ноември, 20132min00
romantichnimesta

Романтиката е клучна за секоја успешна врска. Без романтика, љубовните врски најчесто се распаѓаат. Затоа, Ви предлагаме да ги однесете своите партнери на романтично патување на едни од најубавите места на светот и да поминете незаборавна вечера во рестораните кои Ви ги предлагаме. Ветуваме, по вечерата ќе следи и бурна ноќ. Погледнете ги најромантичните места на светот и одберете:

Аспен, Колорадо

Аспен е туристичко место каде одат познатите и богатите. Покрај тоа што претставува рај за зимските спортови, Аспен е една од најромантичните дестинации на светот, која нуди прекрасни пејсажи, одлични понуди за сместување и бурен ноќен живот. Доколку решите да го посетите овој прекрасен планински град, Ви препорачуваме да отседнете во Glenwood Hot Springs и да го посетите ранчот T Lazy 7, каде може да уживате во прекрасна храна, но и јавање и кампување.

Париз, Франција

Париз е градот на светлината, но и на љубовта. Преполн со прекрасни паркови, интересни кафулиња, музеи, историски споменици, цркви и катедрали, овој град едноставно Ве шармира со своето богатство. Париз има премногу локации кои мора да ги посетите, но доколку навистина сакате да дознаете зошто Париз е градот на љубовта, Ви препорачуваме да го посетите гробот на Абелард и Хелоис на гробиштата Пер Лашез. Како романтични ресторани ви ги препорачуваме Restaurant le Monteverdi, L’Orangerie, Restaurant le 101, Taillevent, Carre des Feuillants и Le Grand Vefor.

 

Њујорк, Њујорк

Њујорк е градот што никога не спие, градот во кој во секој миг има барем по еден човек од секоја држава во светот. Оваа метропола нуди романтични решенија во секое време од денот во текот на целата година. Можете да појдете на романтично возење со кочија низ Централ Парк, или пак да лизгате пред Рокфелер Центарот. Њујорк нуди многу музеи, театри, крстарења, шопинг… Во секој дел од градот, како Сохо, Гриниџ Вилиџ, Мидтаун, Аптаун, Тајмс Сквер имате можност за добра забава. За романтична вечера ви ги препорачуваме рестораните Grotta Azzura, Russian Tea Room, Times Square Restaurant and Lounge, World Yacht Dinner Cruise, Le Bernardin,и Eleven Maddison park.


Островот Хајман во Витсандејс Квинсленд, Австралија

Иако Големиот Австралијански Гребен асоцира на едрење, сурфање и други водени спортови, мора да ви откриеме дека всушност е и едно од најромантичните места на планетава. Со кристалните води, прекрасните песочни плажи и топлото сонце, островот Хајман е рај за романтично патување. На овој остров ќе бидете сместени во луксузни бунгалови, специјално уредени за парови, а на располагање ќе имате прекрасна храна подготвена од врвни готвачи. Покрај неколкуте ресторани, ќе може да уживате и на романтични вечери на плажа со храна по ваш избор.

Провинцијата Гванкси, Кина

Оваа провинција се наоѓа на југот на кина во заливот Тонкин и се граничи со Виетнам. Со прекрасната тропска клима, преубавите пејсажи и колосалните планини, ова е еден од најубавите региони во Кина, па и во светот. Во Гвански можете да посетите пештери, храмови, тврдини на кралското семејство. Доколку сакате да уживате во прекрасна традиционална кинеска храна, може да вечерате на терасите на ресторанот Лонгшенг, кој ќе ве изненади со своите специјалитети како супа со кнедли од ориз, свеж чили сос, патка приготвена со соја сос и многу други.

Насау, Бахами

Сите острови на Карибите важат за рајот на земјата бидејќи располагаат со прекрасни бели песочни плажи, тиркизна вода, палми и многу сонце. Сепак, најдобар остров за заљубените е Насау, кој е дел од Бахамите. Овој остров нуди секаков вид на забава, како нуркање, сурфање и многу водни спортови, но и многу активности за заљубените, како романтично јавање на коњи, јавање во кочии, вечери под месечината… За романтична вечера ви препорачуваме да резервирате вечера на плажа за двајца, која ја нудат повеќето резорти, и каде се служи храна по ваш избор.

Санторини, Грција

Нема кој не воздивнал кога го видел зајдисонцето во Санторини. Всушност, грчите острови како да се создадени за романтично доживување. Во Сантории речиси сите хотели нудат прекрасни погледи кон морето. Посетете ги плажите Пиргос и Акротири кои се црни заради вулканскиот песок, а вечерајте во Ambrosia and Nectar, каде Ви ветуваме дека ќе ја имате најубавата глетка.

 

Венеција, Италија

Скоро е невозможно името Венеција да не Ве асоцира на романтика. Со партнерот може да прошетате по тесните улички, да се сликате на многуте мостови, да пиете кафе на Пјаца Сан Марко и да ги посетите многубројните катедрали, а за крај да се качите на познатите гондоли и да уживате во возењето. Обврзно е да ги посетите мостот Риалто и Мостот на воздишките, каде ќе ја изјавите вашата вечна љубов кон партнерот. За романтична вечера во ги препорачуваме Palazzo Dandolo, La Caravella, Taverna San Trovaso, Le Bistrot de Venice и Ristorante Gran Caffe Quadri.