
Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан ги засени сите присутни кога на една изложба во Њујорк се појави во мрежаста провидна блуза под која изгледа како да не носи ништо, а бујните гради кои се наѕирале под мрежестата блузичка ги мамеле погледите како на мажите, така и на жените.
Стајлингот на Кардашијан повторно ги истакнува нејзините секси облини и веќе се забележува дека старлетата вложила доста труд да го доведе своето тело во ред после раѓањето на детето. А според гласините на таблоидите дека Ким добила покана од Каније да учествува во негов спот, ете уште една одлична мотивација за неа да изгледа што подобро.
