
Американецот Марк Бернт кој работел како наставник во едно основно училиште во Лос Анџелес е уапсен под обвинение дека на учениците им давал колачи испрскани со сопствената сперма. На наставникот му се суди и доколку биде осуден го очекува затворска казна од 25 години до доживотна робија.
Според информациите објавени во американските медиуми, наставникот е откриен со помош на фотографии каде се гледа како им ги врзувал очињата на децата и им давал колачи кои претходно ги “зачинувал“ со својата сперма.
