Погинал додека свирел на саксофон и се спуштал по зграда

popara5 септември, 20111min00
0273007.48

Шведскиот саксофонист коj требало да изведе перформанс, симнувајќи се по фасадата на една зграда и истовремено да свири на саксофон, починал во трагична несреќа што се случила петокот вечерта на уличниот фестивал во Лајпциг, Германија.

Поточно, Фин Мартин (49) свирел на врвот на зградата и почнал да се спушта вертикално по фасадата на зградата, кога во еден момент му пукнало јажето кое му било врзано поради сигурност. Мартин паднал од височина од 20 метри и починал на самото место.

На стравичната сцена присуствувале неколку стотици посетители, пишува The Local.

Полицијата соопштила дека ќе го испитува сигурносното јаже со кое бил врзан изведувачот, но исто така ќе испита и дали тој бил под дејство на алкохол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma