Изумираат класичните мобилни телефони! Смартфоновите се следната телекомуникациска генерација!

popara6 септември, 20111min00
izumiraat klasicnite telefoni

Во тренд е порастот на продажбата на паметните телефони па се предвидува дека годинава истата ќе се движи  околу 400 милиони уреди.

Веќе во развиените земји на Западот се губи функцијата на класичните телефони кои не се воопшто блиску до смартфоновите. Gfk Retail and Technology секторот во Нирнберг спрема анализа на пазарот за мобилни уреди за потребите на конференцијата и саемот на IFA во Берлин на 9 септември годинава. Според податоците за првата половина на годинава глобалниот пазар за мобилни комуникации е во транзиција од стадардните мобилни телефони кон мултимедијалните, кои обезбедуваат лесен и привлечен достап за интернет.

Произведувачите на смартфоновите настојуваат да ја задржат иновативноста, наметнувајќи се на традиционалните мобилни телефони чија продажба постепено опаѓа. Покрај порастот на продажбата на паметните телефони во западните високо развиени земји, забележана е и исклучителна продажба во Азија.

Процентите на продажба се следни: ако пазарот на мобилни уреди е во раст од 4%, смартфоновите се навистина бум постигнувајќи пораст на продажбата за цели 79%, додека пак класичните мобилни имаат тренд на опаѓање за 15%. Поедноставно речено на повеќе од еден паметен телефон се продаваат три обични а ова би требало се повеќе да се  зголемува. Конкуренцијата во премиум на сегментот одредена е со технички иновации (побрзи процесори поголеми екрани и сл).

Произведувачите на смартфоновите и мрежните оператори ги нудат своите производи по нешто поефтини цени, пристапни месечни бенефиции за мобилен интернет и при-пејд услугите, се со цел да придобијат нови потрошувачи и да ја прошират својата клиентела. Но во исто време Андроид и понатаму го зголемува пазарното учество , така што во јуни годинава продаде дури 43% паметни телефони од тој состав, а со тоа паѓа и цената. Просечната цена на смартфонот на Андроид беше 376 евра ( само телефонот), а во јули оваа година изнесуваше дури 308 евра.

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma