Паметните жени се глупави во љубовта?

popara6 септември, 20111min00
zeni

Таа е убава, драга, успешна и многу паметна. Таа е личноста која ја сакате во своја близина, храбра полна со поддршка, но кога станува збор за љубовта и мажите таа нагло станува „тапа“.

Сосема е сигурно дека познавате таква жена и веројатно се чудите кога некој маж и прави да се чувствува несреќна. Што и се случува? Зашто дозволува такво нешто? Одговор на ова прашање проба да даде терапевтот Дебор  Дан во својата книга “Stupid about Men: 10 Rules for Getting Romance Right”.

Зашто паметните жени кога се во врска стануваат неразумни?

Тоа е така од причина што жените се зависни од романтика. Романтиката е дрога која ја спречува жената да се соочи со реалните проблеми во својот живот. Нормално е жената да ја сака романтиката и заљубеноста, но не по секоја цена.

Што всушност преставува неразумното однесување?

Неразумното однесување е моментот кога жената во потполност станува невнимателна и тотално се „навлече“ на мажот кој не е добар, а може и да биде опасен за неа. Жените се склони кон игнорирање на фактите и живеење во илузија. Жените сакаат да живеат во бајка, и тоа придонесува во врските да влагаат со нереални очекувања. Тие сметаат дека новиот маж може да ги исцели нивните рани и трауми од минатото. Меѓутоа тоа не иде така, потребно е тие сами да го одработат тој дел затоа што тоа е предуслов за квалитетна врска.

Што е тоа што паметната жена треба да го бара во врската?

Стабилност, сочувство, создавање дом и семејство ако тоа е она што жената го посакува. Исто така таа би требала да тежи кон дом кој ќе биде сигурно место, место во кое ќе и помогне да се соочи со сите животни предизвици.

Зашто жените веруваат дека со помош на љубовта може да се победи се?

Жените растат во бајка, од мали сакаат да се принцези и веруваат во принцот. Бајките ги научиле дека моќта на љубовта може да ги промени мажите. Бајките ги научиле дека битно е да се убави и секси затоа што тоа е начинот да го привлечат посакуваниот маж. Тоа е така затоа што ретко која жена може да ја издвои сексуалната моќ од моќта на женственоста.

Зашто жените остануваат во врска за која се знае дека не чини?

Жените се биолошки и културолошки одредени да ја имаат улогата на спасителки и негувателки. Сексот за жената преставува можност таа да создаде свое семејно гнездо, додека кај мажите тоа е само уживање. Мажите се често полигамни додека жените се стремат кон моногамија. Кога жената ќе се заљуби во маж, таа посакува да остане со него, затоа што таа во мечтите одамна со него изградила дом и семејство.

Дали стравот од самотија ја тера жената да остане во неквалитетна врска?

Илјадници години жените се финансиски зависни од мажите. Имено таквата историска вистина и ден денес ги програмира жените да веруваат дека нивната вредност како човечки битија е врзана со тоа тие да имаат маж покрај себе. Ваквите ставови сеуште ги пропагираат медиумите, религијата и маркетингот. Кога една девојка нема маж покрај себе таа е веднаш жигосана дека нешто не е во ред со неа. Според изнесеното, жената останува во лоша врска не заради страв од осаменост туку од стравот да не биде осудена од општеството.

Што треба да стори жената за да престане да биде „глупа“ во љубовта?

Жените кои го губат разумот кога се во врска требаат да одат на „диета“ од мажи – барем на некое време. Таа треба да престане да ги лечи своите стравови со романси. Дефинитивно не треба да влегува од една во друга врска. Тоа е рецепт за катастрофа.

Жената треба да се соочи со самата себе, со сите свои стравови. За тоа и е потребно барем една година период да биде слободна од последната врска. Тоа би било времето кога таа треба да се посвети на самата себе, и на тој начин ќе биде во можност да ја запознае својата женственост и на тој начин ја зголеми својата самодоверба. И само на овој начин таа ќе биде во можност да заснова нова врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma