Пеачката Лејди Гага се сликаше за насловната за списанието Harper’s Bazaara. Во најверојатно најприродно издание, после многу време пеачката го покажа своето природно лице. Со минимална шминка и природна коса Гага позираше за црно белата насловна на списанието.
Интересно е тоа што таа за списанието после 40 години позираше за насловната во црно бела техника. Списанието овие денови би требало да биде во продажба.