Скандал во Словенија: Се појавиле слики на пијани тајни агенти

7 септември, 20110
0

Порталот cae-udba.net кој се залага за разоткривање на комунистичките злосторства, објавил наслов “Дали на овие луѓе би им дале да го чуваат вашето лозје?”, фотографии на членови на Агенцијата за разузнавање на Словенија, СОВА, како лудуваат на еден заеднички излет, пренесуваат словенечките медиуми.
Според фотографиите, разузнавачите премногу се опуштиле и добро се забавувале, ставајќи си капи со петокраки на главите, додека други мртви пијани спиеле на подот.

А најлошо од се било тоа што на тајните агенти им бил откриен идентитетот, што според словенечките медиуми би можело да ја загрози разузнавачката агенција. Некои веруваат дека позади скандалот стои опозицијата во Словенија, која сака да ја собори владата предводена од Борут Пахор, пренесува 24сата.хр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma