Исповед на една жена која ја прогонува поранешното момче

7 септември, 20111
MAN STALKING WOMAN

Белград – шест години живеам во пекол, бидејќи ме прогонуван “тој“ човек. Стои пред мојата куќа, ме довикува, ме вознемирува. Двапати бев принудена да се преселам. Никаде не излегувам без придружба на моите соседи, пријатели, роднини, бидејќи не знам дали ќе посегне за мене и за мојот живот, дали ќе ме повреди, како што веќе има направено, раскажува четириесет годишната белграѓанка А.П., која ја прогонува поранешното момче.

– Живеам како да сум во домашен притвор, поради болната опсесија и страста на еден човек. Дадов отказ на работното место. Им се јавуваше на моите работодавци, им кажуваше најразлични лаги за мене, им испраќаше инспекции… Најмногу од сé ме боли, што мојата малолетна ќерка поминува низ сите овие настани. Поради сите трауми, мојата ќерка веќе има кошмари, се плаши кога на улица ќе види автомобил со иста боја како неговата. Живееме како да бегаме од законот, криејќи се, го менуваме местото на живеење – вели таа.

Пред шест години, започнала кратка врска со тој човек, која траела само два месеци.

– Го запознав на работа и беше прекрасен дечко, што тогаш ми беше најважно. На крајот испадна дека тој човек го предизвика најголемото зло во мојот живот – ја продолжува приказната.

Нашата соговорничка истакна дека приметила дека нешто не е во ред со него кога започнал да ја следи.

– Кога ќе му кажев дека одам на гости кај пријатели, тој ќе се појавеше пред зградата каде што живеат моите пријатели, со оправдување дека “бил на поминување од одовде“. Еднаш му реков дека ќе одам до соседниот град, наредното утро сите гуми на мојот автомобил беа издупчени, а тој се појави како “херој“ и ме однесе. Кога одлучив да ја прекинам врска, ми рече дека ако не сум со него, нема да бидам со никого – вели таа.

Тогаш започнала нејзината агонија – најпрво нејзиниот поранешен љубовник и го запалил автомобилот. Исто така, со неговиот автомобил неколку пати налетал на нејзиното возило, а поради еден таков напад А. П. била полесно повредена. Тој им се јавувал и на нејзините пријатели, роднини, работодавците и зборувал разни лаги за неа…”дека продава дрога, дека е проститутка”…

– Неколку пати го пријавував во полиција. Само поранешниот шеф на Одделот за јавен ред и мир организираше акција за следење и прислушкување и за среќа прогонувач беше уапсен. Додека беше во притвор со ќерка ми се преселив. Сепак, веднаш штом излезе од притвор, тој почнал да ја следи мојата свекрва и нормално не пронајде – раскажува.

Таа повторно го пријавила, тој повторно бил уапсен, и по вторпат се преселила. Ниту самата не знае како, но тој повторно го пронашол нејзинит дом.

Конечно, минатата година бил осуден на затворска казна за прогонување и вознемирување на А. П. и нејзината ќерка. Но, од февруари е на слобода и продолжил како и вообично – да ја прогонува. Оваа млада жена е повторно во својот т.н. домашен притвор, а нејзината ќерка е лишена од детството, бидејќи не може да се забавува и да игра како сите нормални деца. На училиште ја носат или соседите или родител на нејзин школски другар, а доколку мајка и ја носи, тогаш сигурно имаат придружба.

– По напуштањето на затворот, тој отиде толку далеку што дури и поднесе жалба против мене дека го злоупотребувам сопственото дете. Јас, мојата ќерка ја сакам повеќе од сé, како би можела да ја повредам? – вели таа.

Нашата соговорничка изјавува дека нема намера повеќе да се сели.

– Една жена била пронајдена од нејзиниот прогонувач иако се преселила во Германија. Јас работам од дома и така заработувам, имам ќерка која ја обожавам. Имам сé освен слобода. Сакам да дојде крај на оваа агонија и моето дете да има нормално детство, а не ноќен кошмар, поради еден ментално болен човек – раскажува оваа жена.

Надлежните не реагираат

Тој доби забрана за приближување до мене и до ќерка ми, но упорно ја прекршува. Застанува во близина на нашата куќа и не набљудува, а јас не можам да излезам ниту во дворот. Не знам што да правам, дали да ќе ме нападне, дали ќе ме повреди. Јас упорно го пријавувам, но никој од властите не реагира. Полицијата неодамна го уапси, но судијата го пушти да си оди. Како може судијата во неговото досие да не види дека биле поднесени и претходно пријави против него и дека не се лекува? На судењето беше препорачано да оди на психијатриско лекување, но никој не ја спроведе оваа одлука – огорчено ја завршува својата приказна.

One comment

  • Vlatko

    7 септември, 2011 at 15:15

    Nevesto drug pat ne se uletuvaj

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi