Иако во 2008, таа имаше имотна вредност од 10 милиони фунти и беше на листата на најбогатите британци, нејзината вредност опадна во последниве години.
Ејми беше сопственичка на две компании кои денес вредат околку 2 012 000 фунти. Извор близок на пејачката кажа дека таа потрошила илјадници на алкохол и дрога.
– Иако потрошила илјадници на пиење, дрога и на луѓето во нејзиното опкружување, таа и понатаму беше богата девојка. Да се избореше со алкохолот, сигурно е дека ќе живееше удобен живот без грижи, кажа изворот.
Албумот на Ејми “Back To Black” неодамна стана најпродаван албум во Велика Британија на 21 век. Албумот издаден во 2006 е продаден во 175 000 примероци од кога пејачката е пронајдена мртва на 23 јули во нејзиниот стан во Лондон. Причината за смртта сеуште не е јасна.