Три Црногорки го уценуваат Берлускони

popara9 септември, 20111min00
ITALY POLITICS GOVERNMENT

“Една Црногорка е лудо вљубена во Силвио Берлускони и практично живее во неговата вила во близина на Милано”.

Ова им го кажала на миланските обвинители,  Имане Фадил (27) од Мароко, која присуствувала на забавите кои ги приредувал Берлускони во неговата вила.
Берлускони лично ми кажа дека црногорката е лудо вљубена во него и дека живее во вилата со него, изјавила Фадил, а пренесува Repubblica.

Танчарката Имане Фадил изјавила дека во врска со овој случај и кажал и Емилио Феде, уредник на информативниот програм на Retequattro, која е дел на медиумската компанија на Берлускони, Mediaset.

Девојката од Црна Гора, освен што има сестра близначка, таа има и постара сестра која како што и кажал Феде го “држи во раце”  Берлускони . Феде и кажал дека не знае кои се аргументите на црногорката и зошто го уценува Берлускони. Фадил не знаела со сигурност дали се точни овие искази на Феде, но одлучила да им ги каже на обвинителите кои го истражуваат секс скандалот поврзан со малолетичка проституција.

– Тој изгледаше многу уморен и додека девојките играа еротски танци, тој спиеше, изјавила Фадил. Девојките на забавата биле облечени како “калуѓерки и медицински сестри” и танцувале еротски танци. Сепак, и покрај тоа Берлускони заспал.

Што направија девојките во тој момент?

– Скокнаа врз него за да му го привлечат вниманието, изјавила Фадил, кој дошла да даде изјава и да ги побие сите невистини кажани за Берлускони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma