Познатите овековечени во ремек делата на култниот фотограф Џејк Чесум

popara17 септември, 20112min00
naslovna

Ретко кој може да се пофали со ваква колекција на фотографии од најпознатите личности на светот, каква што има култниот фотограф Џејк Чесум.

Фотографот, кој живее и работи во Њујорк, но по потекло е Британец, ги има фотографирано најпознатите холивудски ѕвезди, како и бројни други познати личности. Ви претставуваме дел од неговите фотографии, кој тој реши да ги сподели со јавноста:

– Портрет на Роберт Де Ниро, за кој Чесум смета дека е заканувачки, исто како и самиот актер (2008).

 

– Ејми Вајнхаус, фотографирана во нејзиниот еднособен стан, пред да стане светски позната ѕвезда (2004).

 

– Фотографија од Ник Нолти, која Чесум ја направил во неговиот дом. Според Чесум, Нолти е еден од најпристапните актери во Холивуд (1999).

 

– Фотографија од Натали Портман, за која часум вели дека е прекрасна бидејќи е безвременска (2001).

 

– Фотографија од Крис Рок, од фотосесијата за промоција на филмот „Мислам дека ја сакам мојата сопруга“ (2007).

 

– Џони Деп, фотографиран во моментот кога зборува за раѓањето на неговата втора ќеркичка (1999).

 

– Вил Смит, фотографиран додека дели автограми на сетот на филмот „Али“ (2002).

 

– Фотографија од Бил Мареј за промоција на „The Life Aquatic“ (2004).

 

– Портрет на Алек Болдвин, кој иако е облечен во одело, решил да скокне во базен да се излади (2009).

 

– Повторно Алек Болдвин, со неговите „другарчиња“, облечен во костум Ралф Лорен.

 

– Џеј Зи, сликан во неговото студио веднаш по 10-часовиот лет од Африка (2006).

 

– Ејми Адамс во природно издание, сликана во кафе-бар во Њујорк (2007).

 

– Мики Рурк, сликан со врвот на бастум во неговата канцеларија во Њујорк (2008).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma