На една плажа во Русија е забележано младенче од фока со ретко црвено-кафено крзно, кое било избркано од групата и оставено само. „Тоа се криеше и чекаше да дојде мајка му за да го нахрани“ рече Анатоли Страков – фотографот кој успеа да го фотографира ова ретко суштество. „Се радував што успеав да фотографирам едно вакво ретко животно, но тоа беше скоро слепо и е малку веројатно дека би преживеало само во дивината“ . Среќа што фотографот беше во група со вработени на еден центар за спасување на делфини кои го згрижија малото животинче.