Џастин Тимберлејк и неговата поранешна девојка Џесика Бил во последно време ги гледаме сè почесто заедно. Иако раскинаа во март оваа година, тие деновиве заедно шетаат низ Њујорк и тоа со широки насмевки на лицата.
Некои извори велат дека двојката која беше заедно цели четири година планира повторно соединување. Претходниот месец биле забележани како возат велосипеди во Торонто, каде се снимаше филмот „Total Recall“.
Овој пат, во Њујорк, Џесика снима екстра сцени од романтичната комедија „New Year’s Eve“. Еден фан, наводно се издрал по нив, радосно соопштувајќи им дека му е многу мило што тие двајца се повторно заедно. Тимберлејк му намигнал и се насмевнал.