Трејси Џонс (40) и нејзините три деца се борат за живот. Се здобиле со сериозни изгореници во пожарот кој во нивната куќа го предизвикал нејзиното поранешно момче. Маж на возраст од околу 30-тина години, чиј идентитет се уште не е познат, во понеделникот наутро затропал на вратата на Трејси во нејзината куќа во Манчестер. Трејси го пуштила момчето и тие разговарале во дневната соба. По некое време најверојатно се скарале, при што момчето си истурило бензин врз телото и се запалило, пишува Daily Mail.
Трејси и нејзината ќерка, Каилин (18) се обиделе да го изгаснат пожарот, но огнот брзо се проширил на мебелот и дрвените подови.
– Ме разбуди ужасен плач и крик за помош. Низ прозорецот видов чад кој доаѓаше од куќата каде што живее Трејси. Истрчав надвор на тревникот пред куќата и ја видов ќерката на Трејси која беше во тешка состојба. Трејси ја извлеков низ прозорецот на куќата, бидејќи вратата беше заклучена. Јас не знам како успеав, претпоставувам адреналинот ме натера, изјавил соседот Кевин Пирс (41).
Поради премногу чад, Кевин не бил во можност да ги извлече и двата сина на Трејси кои останале во куќата. Тие подоцна биле спасени од страна на пожарникарите. Трејси и нејзините деца биле веднаш однесени во болница каде поради изгореници и проблеми со дишењето се уште се во критична состојба. Момчето (30), кое се запалило подоцна им подлегнало на повредите.