Жителите на еден град во Шпанија беа шокирани кога останаа без струја поради неплатени сметки.
Албасете, град во централниот дел на Шпанија со 175.000 жители, натрупал куп неплатени сметки за струја и на енергетската компанија „Iberdrola“ и должи преку еден милион евра, соопштила компанијата.
– Меѓу станбените згради кои во средата ги проголта мрак, без струја останаа и библиотеката, еден спортски центар и базенот. „Ова се првични рестрикции, но се плашиме дека ќе има и уште – изјавиле од компанијата.
„ Iberdrola“ најпрво доставила опомена дека најпрво ќе бидат исклучени оние државни служби за кои компанијата сметала дека не се од клучно значење. Градоначалничката на градот во последен момент успеала да ги убеди претставниците на компанијата да не ја исклучуваат струјата во градинката.
Портпаролот на енергетската компанија Елена Гонзалес потврдила дека струјата била исклучена, но одбила понатаму да коментира на таа тема.
Буџетскиот дефицит на шпанските градови и региони е загрижувачки и претставува опасност во обидите на централната власт да го намалат годишниот јавен дефицит.