Магични планински градчиња

popara12 јануари, 20142min00
10

За многумина кои живеат во бучните метрополи низ светот, планинските градчиња претставуваат долго посакуван мир и уживање во природните убавини. Ви ги претставуваме најубавите планински гратчиња во светот, кои можеби не се толку познати, но кои ќе ве фасцинираат со прекрасната природа и преубавите пејсажи.

1.       Планинското градче Халстат во Австрија, кое е под заштита на УНЕСКО и кое брои само 946 жители.

2.       Прекрасното градче Зермат во Швајцарија, кое важи за едно од најдобрите ски центри на Алпите.

3.       Градчето Вислер во Британска Колумбија, каде се наоѓа еден од најпознатите ски центри во Северна Америка.

4.       Малото рибарско градче Верназа во Италија, каде може да уживате во прекрасната природа на италијанската ривиера.

5.       Преполн со куќички изградени во скандинавски стил, главниот град на Исланд, Рејкјавик е познат по преубавата природа, но и фактот дека целиот град се грее од локалниот вулкан.

6.       Гратчето Таормина во Сицилија, познато по манастирот Свети Доминик, класичната архитектура и популарните плажи.

7.       На брегот на Далмација се наоѓа гратчето Корчула, познато по уникатната архитектура наменета да ги штити граѓаните од силниот ветер. Во Корчула може да посетите многу прекрасни плажи и пештери кои ви нудат можност за подводно нуркање.

8.       Гратчето Хидра во Грција, кое е познато по фактот дека забранува секаков вид на превозни средства, освен камионите за ѓубре.

9.       На падините на планината Панхендл во Аљаска се наоѓа гратчето Скагвеј, кое се прослави со книгата „Повикот на дивината“ од Џек Лондон.

10.   Гратчето Петра во Јордан, познато по античките живеалишта кои се вдлабени во скриени планински патчиња и претставуваат интересна туристичка атракција.

11.   Гратчињата кои се наоѓаат на Алпските Доломити ви нудат можност за скијање, планинарење, параглајдерство и многу други зимски спортови.

12.   Ушуаја, главниот град на провинцијата Тера Дел Фуего во Аргентина, се наоѓа во близина на глечери кои нудат одлична можност за скијање.

13.   Малите гратчиња и селата во близина на Согнефјорд, Норвешка ви нудат прекрасна природа и фјордови кои ви нудат уникатни терени за незаборавно скијање.

14.   Градот Силвертон, кој се наоѓа во Колорадо, САД, е познат по рудникот за ископување сребро. Ова гратче се наоѓа во котлина и е опкружено со прекрасни планини кои нудат неверојатна можност за планинарење и уживање во природата.

15.   Гратчето Обертаун во Австрија е позната туристичка атракција. Во ова гратче Битлси го снимија својот филм „Помош“ во 1965 година.

16.   „Прстот на Господ“ е највисокиот врв на планинскиот масив Тересполис, Бразил. Сите гратчиња во близина на овој врв се под заштита на националниот парк Сера дос оргањос.

17.   Античкото гратче Санторини во Грција, познато по легендарните зајдисонца и прекрасните глетки кои ги нудат сите ресторани и хотели.

18.   Гријер е средновековно планинско гратче во Швајцарија, познато по производството на уникатното сирење Гријер.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma