Сок од жаби хит во Перу!

popara24 септември, 20111min00
sok

Еден бар во Перу започнал нов тренд, но целосно откачен – покрај обичните алкохолни и безалкохолни пијалоци, служат и сок од жаби!

Бизарниот напиток, сокот од жаби, станал хит пијалок во Перу! Овој сок е толку популарен што некои луѓе го конзумираат секој ден, а веруваат и дека има лековити својства.

Необичниот сок се продава во бар во главниот град Лима. Во него додаваат уште 20 состојки, па така вкусот потсетува на овошен сок.

Сопственикот на барот тврди дека сокот од жаба има корисен ефект врз силата, силата на коските и видот.

Жабите ги ловат на езерото Титикака во јужниот дел на Перу, а дневно продава повеќе од 80, особено наутро, за време на појадокот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma