Вооружен маж отворил оган на плоштадот во Ерфурт, во близина на местото каде што папата Бенедикт Шеснаесетти требало да одржи миса на отворено, објави Германската полиција, додавајќи дека подоцна напаѓачот бил уапсен.
Локалната телевизија MDR според изјавите на неколку очевидци објавила, дека непознат маж од прозорецот на својот стан испукал неколу куршуми од воздушна пушка кон насобраните луѓе на плоштадот.
Во инцидентот, што се случил два часа пред да се одржи мисата, немало повредени, осомничениот веднаш бил уапсен во неговиот стан, изјави портпаролот на полицијата Екхарт Дојчман.
Папата сепак ја одржал мисата како што било планирано, пред 30.000 луѓе.
Се уште не е познато дали нападот е поврзан со посетата на папата, но истрагата е во тек, изјавиле од полицијата.