Тибетскиот духовен лидер Далај-лама изјавил дека ќе остави писмени инструкции доколку биде потребно да се пронајде негова реинкарнација.
Далај-лама изјавил дека кога ќе се приближи на возраст од 90години, а сега има 76, ќе ги консултирал будистичките мудреци околу тоа дали воопшто треба да продолжи институцијата Далај-лама.
Причината за ваквото соопштение, кое било издадено по состанокот со будистичките ученици, е стравот од можноста властите во Пекинг да наметнат нов верски лидер на Тибет.
Далај-лама дури најавил можност за назначување на свој наследник додека се уште е жив, и не ја исклучил можноста дека наследникот може да биде жена, што досега не се случило.
Според традиционалниот поредок, по смртта на Далај-лама, будистичките монаси пронаоѓаат машко дете кое е реинкарнација на Лама, и кое потоа се подготвува за оваа должност се додека не дојде време.