Во петокот, околу главниот храм на Ел Кастиљо традиционално се собрале голем број на туристи за да ја прослават есенската рамноденица. Туристичките работници очекуваат вистински бум на туристи поради одбројувањето на крајот на светот, кој според календарот на Маите би требало да се случи на 21.12.2012 година.
Сепак, голем број на археолози, астрономи и членови на индијанскиот народ сметаат дека единственото нешто што веројатно ќе ја погоди Земјата е всушност дожд од метеори.
Шпекулациите за крајот на светот започнале кога во јужниот дел на Мексико била пронајдена камена плоча на Маите. Поголемиот дел од плочата бил оштетен, а дел од неа бил украден. Но, во она што останало бил пронајден датумот 21.12.2012 година. На натписот пишува дека треба нешто да се случи во 2012 година, во која го вклучува богот на војната но и на создавањето според Маите. Сепак поради големото оштетување на каменот, поголемиот дел на текстот е речиси нечитлив.