Фотографиите од првата фотосесија на култната холивудска икона Мерилин Монро ќе се најдат на јавна аукција во декември, бидејќи сегашниот сопственик на фотографиите прогласил банкрот.
Фотографот Џозеф Џасгур ја направил првата фотосесија на Монро, тогаш позната како Норма Џин, во далечната 1946 година. Досега правата на овие фотографии ги имаше токму тој. Сепак, судијата решил да ги стави фотографиите и правата за нивно објавување на аукција, со цел да се подмират долговите на Џасгур, кој неодамна прогласи банкрот. На аукција ќе се најдат и документите со кои Џасгур добил дозвола да ги објави сликите, кои легендарната Монро лично ги потпишала.
Оваа колекција на фотографии е предмет на многу судски спорови во изминатите две децении. Од аукциската куќа Julien’s Auctions велат дека станува збор за непроценлива и ретка колекција, особено затоа што купувачот ќе ги добие и ексклузивните права за објавување на фотографиите.